Често поставувани прашања
Тука сме за вас.
Доколку имате прашање или дилема, слободно контактирајте не преку контакт формата, телефонски, на мејл, Viber, Facebook или Instagram - ви стоиме на располагање 24/7. Подолу може да ги најдете одоговорите на најчесто поставуваните прашања.
Сите пакети се дискретно спакувани со цел да ја заштитиме вашата приватност, а безбедноста на податоците е загарантирана.
Содржината на пратката НЕ Е ПОЗНАТА НА КУРИРОТ кој ја доставува, затоа што СИТЕ ПАКУВАЊА СЕ НЕПРОЅИРНИ И ЗАПЕЧАТЕНИ уште пред да бидат преземени од доставната служба.
Содржината на пакувањата НИКОГАШ не е наведена на самото пакување. За сите пратки е наведено да се достават ЛИЧНО НА РАКА и доставувачот има обврска да ви ја достави исклучиво вам.
Доколку во дадениот момент не сте во можност да ја преземете пратката, може да се договорите со курирот доставата да биде извршена следниот ден или да ја подигнете лично и директно од базата на доставната служба.
Безбедноста на податоците и дискрецијата се наш топ приоритет. Вашата приватност, идентитет и лични податоци се целосно заштитени и се користат исклучиво за обработка на вашата нарачка. При правење на нарачката, не мора да го внесете ни вашето вистинско име - доволен ни е вашиот телефонски број за контакт, кој е потребен за курирот да стапи во контакт со вас пред прием на пратката. Безбедноста на податоците е заштитетна и цела комуникација на нашата страница се одвива преку SSL (Secure Socket Layer) и HTTPS конекција (енкриптиран протокол).
Плаќањето он-лајн се одвива преку картичниот систем на НЛБ Тутунска банка и ние немаме пристап до податоците кои се користат за наплата на нарачките. Банкарската трансакција се врши кон нашата компанија „К13 Медиа ДОО Скопје“ и никаде на вашиот извод нема да се појави трансакција со назив од типот „секси шоп“, „фантазија“ или слично.
Доколку сакате да платите во готово при прием на пратката, при вршење на нарачката можете да го одберете начинот на плаќање „Во готово при испорака“.
Сите податоци се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци и во согласност со другите законски регулативи на Република Македонија.
Податоците потребни за обработка на нарачката нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна. За повеќе инфо, прочитајте ја нашата Политика за заштита на лични податоци.
Можете да нарачате онлајн преку нашата е-продавница, преку директна порака на некој од нашите социјални профили (Facebook, Instagram), преку порака на Viber или со телефонски повик на 076443070.
Доколку не сакате, не мора да го користите вашето вистинско име. Потребен ни е само точен телефонски број и адреса за достава, како би можеле успешно да ја извршиме доставата на производите.
Можете да платите онлајн со картичка или во готово при достава.